Традиционално дарување за Божиќ: Кралицата Елизабета секоја година ги дарува вработените со ист подарок

На малкумина им е познато тоа дека кралицата Елизабета и принцот Филип на големиот број вработени, околу 1500 лица, за Божиќ традиционално ги даруваат со ист подарок - божиќен пудинг, пишува британскот Дејли Мејл.

За тоа колку оваа традиција за Божиќ е долга најдобро зборува податокот дека истото го правеле и таткото на кралицата, кралот Џорџ Шести, како и нејзиниот дедо Џорџ петти.

Со пудингот вработените добиваат и божиќна честитка, а оние со подолг стаж и подарок бонови.

Инаку, божиќниот пудинг е британски десерт од суво грозје, кори од портокал, сушено овошје, црно пиво, рум, лимон, шеќер, јаткасти плодови и други намирници, а неговата подготовка трае со часови, а сето тоа добро се конзервира за да може да се јаде и со месеци после празниците.

 

 

 

16.12.2017 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега