ВМРО-ДПМНЕ: Власта монтира обвиненија за тероризам против 36 македонски патриоти само затоа што си ја сакаат држават
Македонија е единствената земја каде се врши политички прогон на неистомисленици и апсење на пратеници. Власта ги крши основните човекови права и монтира обвиненија за тероризам против 36 македонски патриоти само затоа што си ја сакаат државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Хунтата на власт ја зароби правната држава и правосудните органи ги користи како средство за политички прогон на неистомислениците. Се притвораат уметници, актери, режисери, архитекти, припадници на полицијата само затоа што не се согласуваат со политиките на Заев и СДС.
Судовите и државните институции се целосно заробени и наместо по закон дејствуваат единствено по налог на Зоран Заев. Власта го погази Уставот и преку судството и институциите секојдневно влева страв кај граѓаните и го става на удар секој еден кој си ја сака државата.
Ова неззаконие ќе биде запрено и казнето, а сите учесници во уништувањето на правната држава и уставниот поредок ќе одговараат пред законите. Република Македонија е демократска држава и затоа ВМРО-ДПМНЕ застанува против неправдата и незаконието.
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се продолжи да се гази врз правото и демократијата во државата. Демократијата и правната држава ќе бидат вратени, а граѓаните ќе живеат во држава ослободена од насилието и прогонот кои ги врши хунтата на власт.
ВМРО-ДПМНЕ бара:
- Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.
- Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.
- Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.
ВМРО-ДПМНЕ, денес ќе организира протест во 16 часот пред Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа