Николоски: Овие собири многу им значат на притворените и нивните семејства, затоа уште помасовно да ги поддржиме

На денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда пред граѓаните се обрати Александар Николоски. Тој повика на голем аплауз за оние кои во моментов се во притвор поради тоа што си ја сакаат државата.

-Сега пред да дојдам тука имав можност да се сретнам со роднините на дел од притворените, дел се и тука меѓу нас. Сите велат дека овие собири многу им значат и тоа треба да е еден мотив да доаѓаме секоја вечер, да сме што побројни, да е што помасовно и да ги поддржиме овие луѓе, изјави Николоски.

Тој кажа дека од утре се менува рутата, а тоа значи дека една вечер ќе има протест пред Министерството за правда, а една вечер пред истражниот затвор во Шутка, за да им се даде поддршка на неправедно притворените.

-Многу сум разочаран од последната одлука на Апелациониот суд, кој очигледно поради политичкиот притисок донесе неправна одлука за потврдување на притворите на македонските патриоти. Тоа само покажува колкав е политичкиот притисок кој што во овој момент хунтата на Заев, Владата го врши врз македонското судство. Исто така, во услови кога на седница на Владата помина текстот на законот за амнестија на луѓе кои што сториле тешки кривични дела, луѓе кои што нанеле телесни повреди на други, извршиле кражби, луѓе кои што направиле обид за убиство или луѓе кои што учествувале во разни финансиски малверзации, изјави Николоски.

Тој кажа дека во едно такво време да се има двоен стандард, да се ослободуваат криминалци, а да се затвораат невини луѓе е типичен политички реваншизам. Тој кажа дека за да се стигне до целта да се ослободат уапсените граѓаните мора да излезат во поголем број, бидејќи тоа им значи на притворените и нивните семејства.

 

 

 

14.12.2017 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега