Димовски до власта: Се чувствувате како на меден месец, проблемите се таложат

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието, ја обвини владејачката структура дека сеуште е во еуфорија, а проблемите само се таложат. 

- Сè уште сте во еуфорија бидејќи сте на власт, ве разбирам, се чувствувате како на меден месец. Но, ќе ви се наталожат проблеми, рекол Димовски.

Тој реагирал на тоа што законите во 90 посто се носат по скратена постапка.

Инаку, денеска, за време на работната сабота за пратениците, се изгласа по скратена постапка Законот за укинувањето на Советот за факти и одговорност кај судиите, како и измени во Законот за судски совет, и заштита на сведоците, а треба да се гласа и за нов јавен обвинител.

 

 

 

25.11.2017 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега