На Јужна Америка и се заканува епидемија од рак

 

 

Латинска Америка ќе се соочи со епидемија на рак доколку владите на земјите во овој контингент итно не превземат нешто на унапредување на здраствениот систем и лечење на сиромашните, предупреди на конференцијата на Латиноамериканската група за соработка во онкологијата (LACOG), одржана во Сао Паоло. Експертите предупредуваат дека во Јужна Америка на секој 22 пациенти зоболени од рак умираат по 13 лица, додека тој однос во САД изнесува 13 спрема 37, додека во Европа околу 13 спрема 30. Константирано е дека главната причина за ваквата состојба е тоа што поголемиот дел од случаите на рак се откриваат во доцната фаза, кога болеста потешко може да се излечи и е смртоносна. Се предвидува дека до 2030 гдина Латинска Америка ќе има 1,7 милиони случаи на рак на годишно ниво, а во секоја наредна година ќе умираат по 1 милион луѓе.

 

 

најчитано сега