Како да излечите проширени вени со помош на домат
Болките во нозете и попуштените вени кои ви даваат чувство на непријатна болка и тежина во нозете е проблем кој ќе биде минато со овој народен рецепт.
Лекување на проширени вени со зелени домати
Зелениот домат е едноставен народен лек за борба против варикозни вени. Неопходно е да се измијат неколку зелени плодови и да се исечат на кругови. Парчињата домати се ставаат врз вените и врз капиларната мрежа и се фиксираат со завој. Оставете да делува доматот додека да почуватвувате пецкање на кожата. Ако не можете подолго да издржите, отстранете ги облозите и измијте се со ладна вода. Но, доколку ја поднесувате процедурата, резултатите ќе бидат видливи за кратко време. Постапката повторувајте ја 5 пати дневно, едноподруго. По само две седмици упорно спроведување на третманот, ќе забележите дека венските чворови ќе започнат да се намалуваат, а со време ќе исчезне и капиларната мрежа и болката во нозете.
Лекување на проширени вени со црвени домати
Постапката е многу слична со претходната. Зрели домати се мијат па се сечат на тенки кругови, па се ставаат на болните вени да отстојат 3-4 часови, фиксирани со завој. При следниот третман, доматите треба да се заменат со свежи. Оваа постапка е најдобро да се спроведува навечер или во текот на ноќта. Времетраењето на третманот е индивидуален. Можете да го спроведувате преку цело лето во комбинација со зелен домат. Доматите поседуваат лековити својства, бидејќи покрај семето, содржат и една супстанција која е многу слична на ацетилсалицилната киселина (аспирин). Оваа киселина се смета за антикоагуланс кој ја разредува крвта и не дозволува нејзина стагнација. Покрај тоа, доматот содржи флавоноиди, кои ги јакнат ѕидовите на крвните садови
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа