Манчестер Јунајтед и Челзи си добија по еден бод

Дербито на 2. коло на Премиер лигата одиграно синоќа на „Олд Трафорд“ во Манчестер заврши без голови. Шампионот Манчестер Јунајтед и Челзи одиграа 0:0. Со премногу тактизирање и без ниту една сериозна шанса за гол двете екипи освоија по еден бод.

Во дресот на Манчестер Јунајтед сите 90 минути ги одигра Вејн Руни, кој ова лето веќе во два наврати беше трансфер цел на Челзи. Менџаерот на Челзи, Жозе Мурињо најави дека по одигрување на натпреварот ќе се обиде уште еднаш да го доведе Руни во својата екипа.

За Челзи ова беше трет натпревар сезонава и со 7 бодови остана на чело на табелата пред Ливерпул и Тотенехм, кои имаат по 6. Манчестер Јунајтед е веднаш зад нив со 4 бодови.

27.08.2013 - 09:05

најчитано сега