Грција во паника - државниот долг надмина 321 милијарда евра

Државниот долг на Грција во првите шест месеци од оваa година достигна врeдност од над 321 милијарда евра и тој износ е поголем од долгот на земјата во 2009 година, пред избивањето на кризата, пишува весникот „Вима“, кој оценува дека растот на долгот е причина за загриженост. 

Според весникот долгот оваа година се зголемил за 16 милијади евра и е повисок за 18 милијарди евра од јуни 2012 година, кога изнесувал 303 милијарди. 

Грчкото Министерство за финансии соопшти дека растот на долгот на земјата за 16 милијади евра во првите шест месеци од годината е привремен и се случува заради рекапитализацијата на банките.

26.08.2013 - 11:30

најчитано сега