Четврти ден од кампањата, ќе се потпише Декларација за фер избори - еве каде ќе има митинзи

 

 

Партиите, коалициите и независните кандидатиденеска низ повеќе градови и населени места ја продолжуваат кампањата за претстојните локални избори на 15 октомври.

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе има средби со граѓани и собири во Центар Жупа, Дебар, Маврово Ростуше Врапчиште и Гостивар.

Карванот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде во Вевчани и Струга.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе има предизборни активности во општина Гази Баба.

Претседателите на партиските подмладоци, пак, денеска ќе потпишат Декларација за фер, слободни и демократски избори.

Кампањата за првиот изборен круг почна на 25 септември, а ќе заврши на 13 октомври во 24 часот. Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Право на глас ќе имаат 1.814.644 граѓани запишани во Избирачкиот список.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври.

Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот. 

 

 

 

28.09.2017 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега