Дачиќ среде седницата на ОН, му предаде на Трамп неколку листови- еве за што се работело (видео)

Дачиќ вчера ја изненади српската јавноста кога среде седница на генералното собрание му пришол од грб на американскиот претседател носејќи папка и неколку минути му покажувал листови.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ објасни какви листови му донел на Доналд Трамп за време на одржувањето на Генералното собрание на ОН, што деновиве се одржува во Њујорк.

Некои српски таблоиди шпекулираа дека Дачиќ побарал автограм од Трамп, а на крајот се огласи и самиот шеф на српската дипломатија., но еве за што се работело.

„На американскиот претседател Доналд Трамп, со кој се сретнав пред четири години, му донесов фотокопии од насловните страници на нашите весници кога беше избран“, рече Дачиќ во разговор за Танјуг.

 

 

 

19.09.2017 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега