Скршени гранки, град и превртени контејнери - невреме во Босна, Србија и Хрватска пустоши се

Невреме проследено со силен ветер и наместа со пројни дождови денеска зафати делови од Хравтска, Босна и Херцеговина и Србија.

Како што јави порталот Индекс.хр, поројните дождови уште од синоќа предизвикаа проблеми во повеќе реони на Хрватска, а во некои градови се регистрирани и поплави во пониските зони и по улиците.

Состојбата е најкритична на полуосторвот Истра каде е прогласено „портокалово ниво“ на опасност, додека во реонот на Кварнер сообраќајот е во прекин на неколку патни правци кои се целосно под вода.

Според метеоролозите во Црквеница наврнале 183 литри дожд на метар квадратен, поради што центарот на градот бил прекриен со вода, а поплавенми се и повеќе домови и деловни објекти.

Проблеми се регистирани и на островот Крк, каде наврнале 94 литри дожд на метар квадратен.

Студениот бран кој носи дожд и силен ветер од западна Хравтска се движи кон исток и претпадмево ја зафати и Славонија и поголем дел од Босна и Херцеговина.

Од претпладнево невреме проследено со силен ветер ги зафати и западените делови на српската покраина Војводина. Српскиот Републички хидро-метеоролошки завод (РХМЗ) објави предупредување дека силниот ветер во текот на попладневните часови ќе се прошири и во Банат, реонот на Белград и во западниот дел на Србија.

Како што јави Танјуг, за само десетина минути небото над Нови Сад и Белград целосно се замрачило и било прекриено со темни облаци. Во двата града дува и многу јак ветер, кој „носи се пред себе“, превртувајќи контејнери, кршејќи гранки и откорнувајќи дрва.

Српскиот РХМЗ предупреди и на можна појава на пороен дожд и грмежи во повеќе делови на Србија.

 

 

 

17.09.2017 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега