Страотна снимка од невремето во Хрватска: Ветер фрли приколка од мост

На мостот Фрањо Туѓман во Дубровник поради силниот ветар се откачи приколка од камион и удри во заштитната ограда.

На снимката се гледа како ветерот ја превртува и ја фрла во бездната.

Полицијата излезе на терен и според првичните информации, за среќа нема повредени.

Поради силните ветрови мостот е затворен за целиот сообраќај, а поради дождот и ветерот на патиштата во градот владее тотален хаос па застоите се неизбежни.

 

 

 

12.09.2017 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега