Предвремени парламентарни избори зимава?

Сите опции се отворени откако пропадна и последниот обид на ад хок комисијата да се расчистат случувањата од 24 декември. Извори од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека целосно се неточни информациите дека останало отворено само прашањето за исфрлањето на новинарите од собраниската сала. Истите извори велат дека сведоци за тоа се претставниците на меѓународната заедница, а таквите брифинзи од како што велат, опозициските претставници се само обид за додворување пред новинарската фела.
Од партијата велат дека денеска биле исцрпени сите обиди да се најде финалниот извештај и дека не се планираат нови средби како и дека во индина, сите опции се отворени.
Од партијата нема објаснување, што значи ставот, „Сите опции се отворени“ но нема ниту демант дека уште пред Нова Година можно е одржување на предвремени парламентарни избори

24.08.2013 - 01:47

најчитано сега