Радио телевизија Војводина ќе згасне од први септември

Радио телевизија Војводина (РТВ) од 1 септември ќе престане да емитува програма поради финансиски проблеми и ќе остане само информативната програма, додека другите проекти ќе бидат укинати, објави српскиот весник „Данас“.

Весникот наведува дека ситуацијата во РТВ е драматична бидејќи нема пари за плати, за хонорари, за патни трошоци, дури ни за бензин за новинарите да одат на снимање.

РТВ на вработените им должи по три плати, а долгот спрема побарувачите достигна осум милиони евра. Во таа сума спаѓаат и неплатените сметки за електрична енергија, за вода, за наем за просториите, за доворите за филмови....

Поради укинувањето на сите програми на јазиците на малцинствата, кои ги има десет, загриженост изрази и Европската унија. За Брисел укинувањето на програмите би бил голем проблем поради што РТВ е многу важна за мултиетничката средина како што е Војводина.

23.08.2013 - 13:56