Со нож нападнат градоначалник во Грција

Маж извршил напад со нож врз градоначаникот на грчкиот град Елефсина, Јоргос Цукалос, јави ТАСС.

Нападот бил извршен во 12.00 часот, по локално време.

Цукалос, кој има две рани на бедрото, е хоспитализиран.

Лекарите наведоа дека не е во критична состојба.

Подоцна, грчката полиција го приведе 36-годишниот напаѓач, кој е поранешен вработен во локалната општина.

 

 

 

28.08.2017 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега