ФОТО: Карпош се разигра салса со Петар Ренџов
Петар Ренџов и „Тумбао салса бенд“ вчера, на осмата вечер од „Карпошовото културно лето“, го размрдаа Карпош.
-Динамичните латински звуци во изведба на Ренџов и неговата придружба, во извонредната атмосфера покрај Вардар, измамија многу аплауз од бројниот аудиториум. Како што најави познатиот блуз и џез-изведувач на почетокот на вечерта, тој и „Тумбао салса бенд“ навистина успеаја да ја донесат Куба во Карпош, а тоа го потврди и разиграната публика, преполна со насмеани и распеани карпошани, информираат од Карпош.
До крајот на годинешната едномесечна дружба со културата предвидени се и концерти на „Симон Киселички трио“, Каролина Гочева, како и изведба на мјузиклот „Чевел“ и многу други настани.