ФОТО: Погледнете колку луѓе го опколија премиерот Груевски
Да се видат условите за живот и да се чујат проблемите со кои се соочуваат граѓаните се причините за денешната посета на премиерот Никола Груевски на струшките села Бороец, Подгорци, Октиси, Лабуништа и Вевчани.
Во рамки на посетата Груевски имаше можност да поразговара со жителите и на терен да се информира за проблемите и да се разгледаат можностите да им се помогне на овие луѓе.
- Во Бороец основно е што треба да се реконструира училиштето на што Министерството за образование ќе пристапи наскоро. Мислевме дека само прозорите треба да се сменат, но, тука видовме дека треба потемелна реконструкција и ќе бидеме фокусирани на тоа, изјави Груевски по посетата на населеното место Бороец.
Фото:
Курир