ФОТО: Неколку лица повредени во тешка сообрќајка во скопски Аеродром
Во тешка сообраќајна несреќа која се случила пред околу еден час во скопската населба Аеродром, тешко се повредени неколку лица, пренесува Сител.
Сообраќајката се случила близу основното училиште Браќа Миладиновци во Аеродром. Во истата учествувале две возила марки голф и тојота, а се повредени неколку лица. Едно лице е посериозно повредено, односно се здобило со скршеница на вратот и е итно пренесено во Градската болница.
Фото:
Сител