Жерновски: Ќе ги вратам парите само да се стопира барокната зграда кај Бристол

-Цинично е да ги исечете дрвјата пред Бристол во раните утрински часови и брутално да се пресметувате со оние кои застанаа за одбрана на зеленилото, меѓу нив и стари лица и деца, а во исто време да барате пренамена од пари на буџетот на Општина Центар за обновување и подигнување на нови јавни зелени површини на територија на општината, реагира градоначалникот на Центар Андреј Жерновски на денешната прес конференција на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ.

Од друга страна , вели градоначалникот Жерновски е елементарно непознавање на законската регулатива од страна на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Жерновски посочи дека доколку советниците од ВМРО – ДПМНЕ ја прашале владата, таа ќе им  објаснела дека парите од комунални такси се строго наменски за инфраструктурни приклучоци.

-Јас имам подобар предлог, кој целосно е во интерес на граѓаните. Веднаш ќе ги вратам средствата на владата, доколку владата веднаш го стопира и се откаже од градењето на нова барокна зграда – Совет за радиодифузија, вели Жерновски.

На обвинувањето од ВМРО – ДПМНЕ дека се однесува лицемерно, Жерновски вели дека врв на лицемерие е ноќе да сечете дрва, а по неколку дена да барате ново зеленило. Ваквото лицемерно однесување, вели Жерновски е веќе препознаено од граѓаните.

 

 

22.08.2013 - 13:01

најчитано сега