ВИДЕО: Четворица мртви во стравично невреме во регионов: Маж го удрил гром - службите цела ноќ биле на терен

По повеќедневните високи температури, во западните делови на Балканскиот Полуостров вчера пристигна освежување, проследено со пад на температурата, при што Сараево беше погодено од пороен дожд, врнежи имаше и во Загреб, а делови од Словенија ги погоди град.

По повеќедневните високи температури, во западните делови на Балканскиот Полуостров вчера пристигна освежување, проследено со пад на температурата, при што Сараево беше погодено од пороен дожд, врнежи имаше и во Загреб, а делови од Словенија ги погоди град.

Во Сараево во доцните попладневни часови падна силен дожд, додека подрачјето на Бугојно го погоди невреме, проследено со град.

Локалните медиуми јавуваат дека на подрачјето на Бугојно паѓал град со големи на орев и оти е предизвикана голем штета на земјоделските култури.

Поројни дождови се забележани и во другите делови на Босна и Херцеговина, а засега нема извештаи за евентуална штета.

Метеорозолите во БиХ најавуваат повторно големи жештини и во наредните денови, додека посериозно заладување се очекува кон крајот на неделата.

Во силното невреме во северна Италија загинале најмалку 4 лица. Маж загинал од удар од гром. Во долината Трамонтини една Белгијка смртно настрадала откако стебло се срушило врз нејзиниот шатор. Во Ломбардија жена загинала лизгајќи се на мокра пешачка зона.

Во Загреб врнеше дожд, а температурата вчера во 20 часот изнесуваше 21,5 степени.

Одредени делови од Словенија беа погодени од град, проследен со силни ветрови.



 
 



 
 



 

 

 

07.08.2017 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега