Поради пожарите Владата прогласи кризна состојба во Македонски Брод и Чашка

 

Владата донесе одлука за постоење кризна состојба на територија на подрачјата на општините Македонски Брод и Чашка поради зголемена појава на пожари, соопшти владината служба за информирање.

Со прогласувањето вонредна состојба се се овозможува преземање на повеќе мерки и активности за поголема ефикасност на институциите, зголемен капацитет и мобилност при справување со пожарите.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е и претседател на Управувачкиот комитет за координација и управување со кризи изјави дека кризната состојба ќе трае 30 дена.

- Оваа одлука е донесена со цел да можат во координирана акција сите институции на Република Македонија, да делуваат на состојбата за справување со пожарите и на еден поефикасен начин да се одговори на оваа ситуација, бидејќи гледаме дека во наредниот период ќе имаме временски услови со високи температури, а со тоа и можнст за ширење на пожарите. Ова е една од мерките која што ќе гарантира безбедност за овие региони и успешно справување со овие пожари,  до нивно целосно гасење, рече Спасовски, кој е и претседавач на Управувачкиот комитет за управување со кризи, изјави Спасовски.

Тој испрати апел до граѓаните да им помогнат на институциите во справувањето со пожарите.

 

 

 

06.08.2017 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега