Заев: Со законот ја унапредивме употребата на јазиците на сите заедници
Со Законот за употерба на јазиците ја унапредивме употребата на јазиците на сите заедници. Сите одредби во законскотоо решение се согласно Член 5 од Уставот. Пакетот го праќаме на усвојување во парламентот, а потоа откако ќе биде усвоен, го праќаме на венецијанската комисија, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција во Охрид.
„Со Законот ќе се прошири употреата на службениот јазик што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните, што значи дека во институциите, граѓаните ќе говорат на свој јазик“, рече Заев.
Прв јазик за службена употреба е македонскиот со неговото Кирилично писмо.
Законот за употреба на јазиците беше усвоен на синоќешната владина седница, а откако ќе се усвои и во Собранието, ќе биде доставен до Венецијанската комисија заедно со отворените прашања кои не се дел од него. Комисијата ќе треба да даде мислење за пакетот законски решенија, потврдија од Владата.
Во јавноста уште од вчера излегоа информации дека во законот ги нема двојазичните банкноти и хартии од вредност, како и двојазични амблеми на војската и полицијата во општините каде 20 отсто од населението е од албанска националност. Овие се дел од отворените прашања за кои ќе треба да решава Венецијанската комисија.
Во текот на утрешниот ден, претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ги распише локалните избори кои треба да се одржат на 15 октомври, а сите останати постапки поврзани со изборите ќе продолжат по 20 август, по одморите, изјави Заев на денешната прес конференција.
Заев рече дека СДСМ ќе прави анкети на кои граѓаните сами ќе предлагаат кој е најдобар кандидат за градоначалник за нивната општина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа