​Стевананџија: Не може да е добар ребалансот, ако се кратат пари за училишта и спортски сали

На денешната  седница   во Собранието на Република Македонија каде на дневен ред е расправa за ребаланс на Буџетот за 2017 година,пратеникот  на ВМРО-ДПМНЕ  Димитар Стевананџија,реплицираше на пратеникот на СДСМ  Сашко Поцков ,каде посочи пратеникот Поцков нема никаков кабает за  масакрираниот ребаланс на буџетот  за 2017 година,затоа што никој од  не бил исконсултиран,ниту претстедателот на комисијата за образование,ниту потпретседателите  на партијата,оваа биле лични желби на  шефот на  партијата,односно претседателот на владата.

Недозволиво е претседатели на комисии да не бидат консултирани за буџетот,масакриран буџет,рече Стевананција.

Рековте денеска е 3-ти Август, точно но нема нов  живот имаме само нова историја а каква  прашајте го Каракачанов што до вчера го гоштевавте во Воденица.Не знам што јадел таму но ни ја кажа болната вистина што сте ја договориле и тоа е жално,потенцираше Стевананџија.

Вие сакате да не убедите дека ребалансот е добар,не може колега Поцков да е добар,не може колега Поцков да е добар ребалансот, а да е прекинат експресниот пат  Прилеп-Градско,тоа е масакр.Животната желба  на прилепчани,битолчани,долненци ,кривогаштанци,крушевчани падна во вода,со  одлука една на еден човек,вели Стевананџија.

Не може да е добар  ребалансот да се кратат 21 милион евра од  средствата предвидени за образование,зошто ги прекратувате спортските сали кои треба да се градат во Прилеп и Битола и Гевгелија,истакна Стевананција.

Не може да е добар ребалансокт ако кратите 10 милиони денари од Универзитетот  ,,Св.Климент Охридски во Битола,ниту еден амандман не помина предложен од опозицијата  од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините пратеници,вели Стевананџија.

Не може да е добар ребалансот  кога кратите 60  милиони  денари  за реформи во полицијата,таа полиција која што шарената револуција ја тепаше,за тие полицајци за кои што правевте прес-конференции и се жалевте дека оделе боси и голи  на браникот на татковината,е од нив кратите 60 милиони денари,потенцираше Стеванџија.

Не може да е добар ребалансот кога кратите 11 милиони евра  од припадниците на македонската армија,од нашата гордост,не може да  е добар овој ребаланс,рече Стевананција.

Не може да е добар ребалансот во кој  не ги прифативте амандманите за  зголемување на субвенциите кои што им ги ветувавте на прилепчани и на  гевгеличани и на кавадарчани,истакна Стевананџија.

Не може да  е добар ребалансот  во кој што кратите  од јадењето,од устата на студентите.Ги нема борците за студенстските права,ги нема пленумците,ги нема средношколските пленуми, го нема колегата Стефан,да се јави и да каже зошто 21 милион  евра  се помалку за студентите,рече Стевананџија.

 

 

 

03.08.2017 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа