Околу 50 повредени при експлозија на магацин за оружје

Педесетина луѓе се повредени синоќа во серија експлозии во магацин за оружје во абхазиското село Приморское, на брегот на Црно Море.

– Повеќе од 50 лица, од кои 19 Руси, кои биле на одмор во Абхазија се примени во болница со контузии и повреди од шрапнели. Сите повредени се вон животна опаснот, изјави абхазискиот министер за здравство Тамаз Цахнакија.

Абхазија заедно со Јужна Осетија се отцепија од Грузија на почетокот од 90-тите години на минатиот век. Москва ги признава како независи држави по војната со Грузија во август 2008 година.

Во Абхазија и Јужна Осетија распоредени се руски војници, а за Тбилиси тоа е окупација.

 

 

 

 

03.08.2017 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега