ВМРО-ДПМНЕ: Новата влада го руши здравствениот систем

ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека смената на директорите на клиниките е направена без вредносни критериуми и аргументи. 

- Министерот за здравство денес без срам најавува не 33, туку 50 директори на здравствени установи дека ќе бидат заменети и со тоа е доведена во прашање функционалноста и здравствената услуга на голем број здравствени установи ширум државата. Оваа одлука на министерот е само уште една потврда дека новата влада нема намера да го унапредува здравствениот систем, туку напротив го руши, истакна денеска на прес-конференција Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. 

Таа потенцира дека поради тоа ни се случуваат епидемии од најслаб облик од кои, како што рече, имаме две човечки жртви и десетици хоспитализирани граѓани.

- Многу сериозно предупредуваме дека ваквата масовна, неоправдана и незаконска смена на директори на клиники е направена без вредносни критериуми и аргументи, само како резултат на реваншизам и намера за партизирање. Предупредуваме дека овој масакар во здравството неминовно, но, за жал, сигурно ќе доведе до сериозни последици по здравјето и интересите на граѓаните. Впрочем како поинаку да се толкува фактот што се менуваат професионалци и докажани кадри како што е директорот на Клиниката за кардиологија Сашко Кедев, рече Андоновска. 

Секоја погрешна политика која сега ја презема министерот за здравство и владата на СДС, како што рече, ќе има последици во наредниот период и особено на штета на граѓаните.

Според ВМРО-ДПМНЕ, поради непрофесионалноста, неодговорноста и негрижата на власта на СДСМ и министерот за здравство, постои сериозна опасност ситуации со епидемијата во Симница, Гостиварско да се повторуваат со уште поголеми жртви и штети. 

 

 

 

01.08.2017 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега