ФОТО: МКЦ ќе го добие стариот сјај
СКопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска го посети Македонскиот културен центар (МКЦ) каде се изведуваат градежни активности.
Со буџет од 5 милиони денари обезбедени од Градот Скопје ќе се реновираат повеќе делови во МКЦ како што е џебното кино кое ќе биде со капацитет 80 нови седишта, нови ѕидови кои ќе бидат акустични и нов проектор со ново проектно платно.
- Ова кино ќе ги исполнува условите за да влезе во „Арт-кино“ мрежите на Европската унија за што веќе МКЦ конкурираше и се надеваме дека ќе можеме и тука да ги следиме филмовите што се прикажуваат во „Арт-кината“ во ЕУ, изјави Трајановски.
Кажа дека се реновира и концертната сала каде што се прави нова сценска конструкција која ќе овозможи покрај музичките да се изведуваат театарски престави, како и дека ќе се заменат сите врати во МКЦ, вкупно 80.
- Во киното Фросина каде што минатата година беше инсталиран систем за ладење и греење сега се менува подот и очекуваме со средства од ЕУ да се дигитализира за да го постигне стандардот за ваков тип настани, рече Трајановски.