ВМРО- ДПМНЕ: Министерството во штурото соопштение вели дека новиот долг ќе го користи за тековно финансирање на буџетот.

Интегрален текст од изјава за медиуми, која е дадена денес, пред Министерство за финансии, при што се обрати Соња Гелова Стојанова.

Министерството за финансии на чело со СДС покажа дека нема намера да престане со задолжувањето на државата преку издавање на државни хартии од вредност, нешто што само до пред неколку месеци го оценуваше како криминал и јавно им се закануваше на заинтерисраните банки. Кога тоа се правеше претходно по исти, па дури и подобри услови, СДС и ним блиските медиуми креваа хистерија, а сега молчат и одобруваат.

          Ова е лицемерието на СДС, едно да говорат во опозиција, а друго да прават на власт. Тие дури без срам планираат до крајот на годината освен тековните задолжувања да го зголемат долгот за дополнителни 150 милиони евра. Го имаа ли ова напишано во својата програма кога лицемерно им ветуваа на граѓаните живот после изборите?

          Досега Владата на СДС само по основ на овие аукции се задолжи 70-тина милиони евра. Со Последната аукција изнесуваше 10,6 милиони евра од која само 227 илјади евра ќе се вратат како отплата на доспеан долг, а остатокот е чист долг на грбот на граѓаните. Нема ни збор за што ќе се искористат овие пари, дали со нив ќе се прави некој пат, некоја канализација, некое училиште, градинка или болница. Напротив, средствата за ваквите проекти во ребалансот тие безмилосно ги кратат.

          Министерството во штурото соопштение вели дека новиот долг ќе го користи за тековно финансирање на буџетот.

 

 

          Сите гледаме дека Министерството за финансии на чело со СДС буџетот ќе го трошат на партиски вработувања, набавки на октоподи, морски плодови, опрема и аранжирање на цвеќиња.

 

 

 

19.07.2017 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа