БЕСА: Нема да одиме на средбата бидејќи останатите партии го злоупотребуваат договорот за Албанската декларација

БЕСА нема да учествува на средбата на потписничките на Декларацијата на албанските политички партии што денска ќе се одржи во Собранието затоа што смета дека останатите партии не се придржуваат до тоа што го договарале во процесот на креирањето на платформата, пишуваат од Плусинфо.

„Тркалезната маса што ќе се одржи денеска концептуално не одговара на тоа што го договаравме во врска со Декларацијата. Тогаш јасно кажавме кој треба да повика на средбата, а ова што сега се случува е злоупотреба на претходно договореното. Не се знае ниту кои точки од декларацијата ќе бидат дел од програмата на Владата. За тоа требаше да бидеме информирани, не само ние како БЕСА, туку и сите граѓани. Поради овие две причини нема да учествуваме на денешната средба“, вели Африм Гаши од Движењето БЕСА за Плусинфо.

И на претходната средба, одржана на 28 јуни во хотелот „Александар палас“ БЕСА ја одби поканата оценуваќи дека не станува збор за суштински состанок, туку за импровизирана тркалезна маса за да се манипулира со јавноста.

Тогаш БЕСА предложи средбите да се одржуваат во Собранието и да се координираат од претставници на парламентарните групи или претставници на политичките партии.

 

 

 

19.07.2017 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега