Илиовски: Предлогот за разрешување на Зврлевски е чиста политика, без докази

 

На првиот ваш предлог за разрешување на јавниот обвинител, во вашиот предлог ништо правно не видовме вели Зоран Илиовски како реакција на воведното излагање на заменик министерот за правда Оливер Ристовски. Според Илиовски предлогот кој што Ристовски го образложил е чиста политика, говор полн со политички квалификации и инсинуации без ниту еден доказ зошто се бара разрешување на јавниот обвинтел.

- “Очекував како министерство за правда и вие како заменик министер да ви биде срам да излезете на говорница без докази, без образложение. Единствен од доказите кој што ги покажавте е дека Републичкото јавно обвинителство, односно неговиот прв човек постојано се изјаснуваше негативно во негативен контекст во однос на СЈО. Замислете бараме разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија затоа што негативно се изразил спрема СЈО. Каков грев. Велите дека вашиот предлог е мотивиран од желбата за враќање на довербата во правниот систем во Република Македонија“ .

Илиовски исто така праша зошто премиерот на владата постојано бега од судските процеси за поткуп како и зошто првото нешто што го кажа Зоран Заев кога стигна на местото на премиер беше дека ќе го разреши јавниот обвинител. Илиовски потенцираше премиерот да оди на судските рочишта, да ја расчисти работата околу судскиот процес Поткуп каде што со ПИМ мерки е фатен на камера каде што бара 160 илјади евра поткуп каде што беше прикажано и на телевизија.Како за крај тој им порача дека ако сакаат правда прво да почнат од нивните редови,а после да одат понатаму.

 

 

 

12.07.2017 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега