Нов силен земјотрес ги преплаши охриѓани - вечерва ќе спијат надвор од дома
Нов силен потрес од 3,9 степени предмалку ги вознемири охриѓани кои со денови спијат под отворено небо во страв.
Земјотресот е регистриран во 21 часот и 31 минути со епицентар на 6 километри од село Косел и длабочина од 2 километри.
Утрово беше мирно, но синоќа и од попладнево наваму серија земјотреси ги исплашија повторно охриѓани.
- -Јас сум постара личност, но ова не било. Трае предолго и премногу е тоа, ни создава преголем стрес и мора човек да се тргне на страна малку во вакви ситуации, изјави жителка за Охридњуз.
Охриѓани и вечерва ќе спијат по камповите под отворено небо.
До сега имаше повеќе од 1.200 потреси.
Се надеваме тлото ќе се смири.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа