Го запалил станот додека сопругата била на пазарување - еве што се случувало во скопската населба Колонија

Утрово во 7 часот и 45 минути во скопската населба "Колонија" избувна пожар во станбен објект, а во пламените јзици кои зафатија неколку станови изгоре едно лице.

Според информациите до кои дојде Press24 од полициски извори, станува збор за 66 годишниот Богое С. кој живеел во зградата со број 2, кој инаку имал психички проблеми и уште од синоќа се заканувал дека ќе го запали станот, а тоа и го направил откако неговата сопруга утрово отишла да пазарува. Тој беше пронајден во кадата во тоалетот од станот.

На местото на настнот веднаш пристигнаа екипи на противпожарната служба и ЕВН.

19.08.2013 - 12:53

најчитано сега