Нападната екипата на 24 Вести во Штип

 

Екипата на Телевизија 24 била нападната во Штип вршејќи ја својата пофесионална должност, велат од телевизијата.

„Лице кое се претстави дека е обезбедување на трговскиот центар во Штип и пријде на екипата која снимаше инсерти кај Трговскиот центар. Првин вербално се закани со зборовите „ќе ја искршам камерата“, а потоа замавна обидувајќи се да ја скрши. Случајот е пријавен во полиција“ - информираат од 24 вести.

 

 

 

07.06.2017 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега