Станот во крв, човек убиен со штака - ова остана мистерија

44- годишниот М.О. од Белград е уапсен поради сомнеж дека со штака го убил својот очув, 81- годишниот В.Б. Несреќниот старец, кој претходно бил претепан, загинал на лице место.

Постои сомнеж дека М.О дошол во алкохолизирана состојба. По кавгата со очувот почнал да го тепа и го удрил со штака по глава, па така го усмртил. Се претпоставува дека го давел. Го шутирал и удирал со раце, а мотив најверојатно биле претходните кавги.

Итната помош брзо реагирала, но на старецот му немало помош.

Соседите биле шокирани поради инцидентот.

Уште не е познато кој повикал полиција од нив двајца. Посинокот најпрво го заклучил старецот во станот, но го успеале да го убедат да ја отклучи вратата. Кога полицијата дошла, станот бил преполн со крв. Веднаш го уапсиле осомничениот маж.

 

 

 

04.06.2017 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега