Сообраќајка на автопат - се преврте камион, пожарникарите се обидуваат да го извлечат возачот

Пожарникарната единица од Румас, се обидува да го извлече возачот од товарното возило, кој останал приклештен за воланот, откако камионот за превоз на стока поради непотврдени причини излетал од автопатот.

Екипите на Брзата помош се на лице место и чекаат возачот кој дава знаци на живот да го извлечат и да го префрлат во болница.

Сообраќајот се одвива непречено, а причините кои довеле до овој инцидент ќе се дознаат по разрешување на случајот.

 

 

 

03.06.2017 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега