Убиство во центарот на градот - успеал да викне полиција, но на телефон се чуло само ова

Во центарот на Белград синоќаоколу еден часот по полноќ во стан е пронајдено телото на 81-годишниот Војислав Баштанин. Постои сомнение дека го убил неговиот посинок кој бил во алкохолизирана состојба. Помеѓу посинокот и очувот избила кавга, па Милан О. во алкохолизирана состојба и наркотици почнал да го дави и тепа беспомошниот старец.

Старецот успеал да стигне до телефонот и со испуштање на неартикулирани звуци да повика Брза помош, но набрзо подлегнал на повредите. Брзата помош го пронашла Војислав во станот целиот во крв.

Првите соседи со кои станот е споен не го слушнале инцидентот, па останале шокирани кога утрото дознале на вести, а поголем шок за нив било што тие биле будни вечерта додека се случувала драмата.

Станот на Баштанин е запечатен, а од Министерството за внатрешни работи велат дека во моментот работат на случајот.

 

 

 

03.06.2017 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега