Емир Кустурица доживеа сообраќајна несреќа

 

Славниот филмски режисер Емир Кустурица доживеа сообраќајка, кога со возило марка „Мерцедес“ со која управуваше Вичентије Савиќ одлетале од патот.

На патот Чачак-Белград, возило марка „Мерцедес“ со кое управувал 67 годишниот Вичентије Савиќ, одлетало од патот. При таа прилика повредени се возачот и совозачот, славниот филмски режисер Емир Кустурица.

 

На лице место им била укажана прва помош, а возачот на автомобилот е префрлен во Ургентиот центар при Општата болница во Ваљево, а Кустурица во Белград.

Како што дознаваме, Емир не е во животна опасност.

Кустурица после прегледите е пуштен дома, а Савиќ е задржан во болницата во Ваљево поради скршеница клучната коска.

 

 

 

02.06.2017 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега