Потера по убиецот од Видиковец - ја усмртил мајка му, соседите кажуваат стравични детали

36-годишниот М.С од Белград ја убил својата 67- годишна мајка З.С. во нејзиниот стан на Виковачки венец.

Според информациите, злосторството е откриено два дена откако убиецот ја усмртил мајка си и ја избодел со нож, кога синоќа по кавга со сопругата раскажал што направил.

Неговата сопруга веднаш ја известила полицијата, по што убиецот веднаш бил уапсен.

Како што неофицијално се дознава, станот бил отклучен кога по пријавата полицијата дошла на лице место, а несреќната жена лежела на подот во локва крв, со лицето свртено надолу. Оваа стравична глетка ги шокирала соседите. Тие велат дека синот на убиената бил наркоман и дека бил доста проблематичен.

-„Беше навистина незгодно и агресивно момче, особено кон неговата мајка, со која живеел во станот во кој ја убил. Често се караа со неа и се тепаа. Сирота жена, што доживеала.“ - изјавила нејзината сосетка.

 

 

 

01.06.2017 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега