Ем натепан ем без пари - штипјанец жртва на насилно момче

21 годишниот штипјанец Ш.Б. вчера вечерта бил ограбен од неговиот сограѓанин Г.Б. (24).

Како што информираат од полицијата, инцидентот се случил додека Ш.Б. се движел по улицата „Ѓорче Петров“ и во раце држел паричник. Тој го пресретнал Г.Б кој му побарал пари. Откако Ш.Б. одбил да му даде  Г.Б. му удрил  шлаканица, насилно му го одзел паричникот од кој зел 1.000 денари и му го вратил.

На Ш.Б. му се констатирани телесни повреди. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на Г.Б.

 

најчитано сега