Чудо: Падна авион -иако искршен и превртен наопаку пилотот без повреди

Земјоделски авион со кој управувал 65- госишниот Радован Шегрт  од Нови Сад се урна вчера околу 13 часот во Апатин во текот на прскањето на пченицата. Пилотот за среќа не е повреден, а причината за падот на авионот, сопственост на Авио клубот од Зрењанин, е расипаниот мотор.

Според зборовите на пилотот Радован Шегрт, несреќата се случила пред самиот крај на авио-третманот. Иако свртен наопку, со полесни повреди на раката и вратот, Шегрт успеал да го напушти леталото и да го сочека доаѓањето на брзата помош.

Пилотот вели дека во текот на својата долгогодишна кариера имал неколку помали инциденти, и дека е многу среќен што во оваа несреќа успеал да го избегне влетувањето во шумата што верува дека не би можел да го преживее.

-На самата парцели која ја третиравме има парче шума која мора да се надлетува за да се направи прскањето, Во последниот налет, кога почнав да го кревам леталото, дојде до гасење на моторот. Наместо да влетам во крошна успеав авионот да го насочам на соседната нива, но по избегнувањето на стаблата и каналот едно од тркалата влета во мекото тло што предизвика превртеување, вели Шегрт и додава дека леталото паѓало со брзина од 100 км/ч.

 

 

 

 

20.05.2017 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега