Градоначалник истепал новинар во Пожега- му ја удрил главата во ѕид, па го бутнал низ скали

Градоначалникот на градот Пожега, Ведран Неферовиќ денес физички го нападнал новинарот Младен Мирковиќ, така што го притиснал до ѕид и му ја удрил главата, а потоа удирајќи го со нозе го бутнал низ градските скали.

Нападнатион новинар изјавил дека градоначалникот го шутирал, пцуел и му се заканувал дека ќе го убие него и останатите.

Во соопштението од претседателот на општинскиот одбор Здравко Ронко вели дека е шокиран, иако како што навел не е изненаден од денешниот брутален напад на новинарот.

-„Не знам што е пострашно од следниве случувања- тоа што градоначалникот физички се пресметува со својот граѓанин и брутално го забил во ѕид, додека истовремено тој граѓанин е и новинар, претставник на јавноста, а сето тоа се случува на конференција за медиуми и тоа по повод доделување на наградата за најдобра медицинска сестра.“- изјавил Ронко.

 

 

 

12.05.2017 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега