Груевски се огласи по немирите - повика на смиреност

По обидот за државен удар од страна на СДСМ и инцидентите во кои има повредени во македонското Собрание, се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

- Насилството не ерешение и потребно е смирување на страстите. Повикувам на присебност, народот да не подлегнува на провокациите и оние кои сакаат да ја втурнат државата во подлабока криза и да го исполнат нивното сценарио, напиша Груевски на Фејсбук.

Тој додава дека потребно е смирување на страстите и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротистави на антидржавните постапки со правни и политички демократски средства.

 

 

 

27.04.2017 - 20:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа