Хан: На насилството не му е местото во парламентот

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, на својот твитер-профил ги осуди насилствата и нападот на пратенциите во Собранието а Република Македонија, порачувајќи дека демократијата треба да продолжи по својот курс.

Најостро ги осудувам нападите на членовите на парламентот. На насилството не му е местото во Парламентот. Демократијата мора да продолжи по својот курс“, напиша Хан на „Твитер“.

Парлементарното мнозинство, предводено од СДСМ попладнево, по прекинот на 20. продолжение на конститутивната седница, го избраа пратеникот на ДУИ, Талат Џафери за нов претседател на Собранието. По ова, демонтранстите од „За заедничка Македонија“ го пробија полицискиот кордон и влегоа Собранието. Внатре тие нападнаа дел од пратениците на СДСМ. Меѓу повредените пратеници се лидерот на СДСМ, Зоран Заев, неговите колеги Дамјан Манчевски и Максим Димитриевски.

Ситуацијата во Собранието и натаму е тензична.

Извор: Мета

 

 

 

27.04.2017 - 20:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега