Тензично во и пред Собранието

 Откако претседавачот Трајко Вељановски го прекина 20. продолжение на Конститутивната седница на Собранието на Република Македонија претениците од СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ и албанските партии останаа во пленарната сала.

Потоа најстариот присутен пратеник Ферид Мухиќ, како што рече, го презема претсседавањето со седницата и веднаш потоа таа должност му ја предаде на Горан Мисовски од НСДП. Мисовски ги повика присутните пратеници да гласаат за преминување на четвртата точка од дневниот ред-избор на претседател на Собранието. Откако констатира дека, како што рече, добил поддршка од 66 пратеници кажа дека го става предлогот Талат Џафери да биде избран за претседател на Собранието на гласање.  Мисовски рече дека неговиот предлог добил поддршка од 61 пратеник и објави дека Џафери  е избран за претседател на Собранието. Талат Џафери потоа им се обрати на пратениците на албански јазик.

Во истовреме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ стоејќи пред собраниската говорница извикуваа „ова е пуч“ и ја пееја македонската химна. 

Истовремено учесници на протестот „За заедничка Македонија“ кои беа пред Собранието влегоа во собраниската зграда. Тие

Пред прекинувањето на седницата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги повторија ставовите за гласање на нови избори и гласање за избор на претседател на законодавниот дом. Пратениците од СДСМ станаа на своите места по побараната процедурална забелешка од Крсте Муковски од ВМРО-ДПМНЕ, по што тој започна со интерпретирање на химната на Репбулика Македонија на што станаа сите пратеници и заедно ја испеаа. На крајот од химната претениците од СДСМ почнаа со скандирање „гласање“, алудирајќи на изборот на претседател на Собранието, додека истовремено со скандирање „избори“ се огласија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Ибрахими Зеќирија од БЕСА во процедурална забелешка, му посочи на претседавачот Трајко Вељановски дека го прекршил собранискиот деловник со тоа што дозволил во времето за процедурални забелешки да се пее химната, која како што рече тој ја почитува затоа што е химна на државата, но дека и Алабанците имаат своја химна по што испеа дел од неа.

Во претпладневниот дел од седницата пратеникот и претседател на СДСМ Зоран Заев рече  побара  да се премине на следната точка од дневниот ред - избор на претседател на Собранието, истакнувајќи дека тоа е државен интерес број еден. - Ова мнозинство овде има право и обврска да избере претседател на Собранието од своите редови и за тоа ќе  носи одлука. Ќе носи одлука во оваа сала, ќе носи одлука во некоја од другите сали во Собранието, во ходникот, на скалите, во амфитеатарот на Правниот факултет, во МАНУ, ќе носи одлуки, посочи Заев.

Неговото барање од ВМРО-ДПМНЕ беше оценето како обид за државен удар. - Повикот на Заев за нелигитимен избор на претседател на Собранието е повик за конфликт, за тензии и за државен удар, кој може да предизвика голема штета, долгорочни и ненадоместливи последици за стабилноста и демократијата на Македонија.  Насилниот и нелигитимен избор на претседател на Собранието ќе биде само вовед во формирање паралелни државни институции, акт којшто нема да донесе ниту разрешница на политичката криза, ниту поголема стабилност, ниту напредок на државата, рече на прес-конференција  пратеникот Антонио Милошоски.

###

 

 

 

 

27.04.2017 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега