Неделава нов температурен шок - УХМР најавува што не чека

Времето во западниот и централниот дел на Македонија ќе биде променливо облачно со можност за врнежи во Охридско, додека во источниот дел од државата ќе биде сончево со ветер со променлив правец. Минималните температури ќе се движат од минус 3 до 6 степени, а максималните од 11 до 21 степен целзиусов.

На повисоките места во Осоговско-Малешевски регион утринските температури ќе се спуштат под нула, а потоа под влијание на топла воздушна маса и јужно струење ќе бидат во пораст.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со минимална температура од 3 степени, додедка максималната ќе достигне до 18 степени целзиусови.

До четврток ќе преовладува стабилно и значително потопло време со умерен јужен ветер, а од петок се очекуваат повремени врнежи од дожд и опаѓање на дневните температури.  

 

 

 

24.04.2017 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега