Штети и до 100 проценти на овошните насади со сливи во Пијанец и Малеш

Претставници од подрачната единица на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство од Делчево денеска направија увид на овошните насади со цел да ги согледаат на терен штетите предизвикани од ниските температури кои изминативе два дена се спуштија и до 7 степени под нулатата.

Како што информираше Драган Христов, вработен во ПЕ на МЗШВ од Делчево, најголеми штети се предизвикани на насадите на сливи, што е всушност и основна гранка во овоштарството во регионот на Пијанец.

- Ние денеска бевме на терен секаде каде што има овошни насади. Во околните насади во Делчево, потоа во селата Разловци, Тработивиште, Вирче, Град, Стамер, Истевник. Состојбата со оштетувањата е многу сериозна, се забалежуваат штети кај насадите со сливи кои се движат од 90-100 проценти, кај насадите со вишните од 30-40 отсто, кајсиите и оревите се оштетени и до 100 проценти досега, а штети има и кај јаболката и тоа до 100 отсто. Досега само кај насадите со лешниците нема зебелжано штети, рече Христов.

Додаде дека оваа информација ќе биде доставена до надлежното Министерството по што ќе се одлучува за создавање комисии за проценка на штети од елемнатрни непогоди, а ПЕ на Министерството ќе бидат главни носители на активностите.

Слична е состојбата и во Малешевијата. Благица Русковска, ракводител на ПЕ во Берово истакнува дека овде штетите се движат до 90 проценти.

- Најголеми штети има кај насадите со сливи. Оштетувањата најмногу се забележуваат на насадите кои се на повисоките места. Нашите служби и сите вработени се денеска на терен со цел да напраиме увид со состојбата на овошите насади по ниските температури и мразевите, а ќе се постетат сите овоштарници во општините Берово и Пехчево, истакна Русковска.

Пролетните мразови во април и лани предизвикаа големи штети кај овошните насади во Пијанец и Малеш предизвикувајќи штети од милиони евра. Инаку, под сливи и вишни, како најбројна овошна култура во овој регион, се околу 5 илјади хектари.

 

 

 

23.04.2017 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега