Томина или Нова недела: Посветена на апостол Тома, еве што не смеете да правите

Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство како Бела Недела или Мал Велигден (лат. Dominica in albis) — значаен христијански празник кој се прославува во првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома.

Кога Исус Христос се јавил на апостолите, Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот тој не поверувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“.

 Поради тоа, апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Христос пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!“ На тоа Тома одговорл и рекол: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“.

Во Византија, од Пасха до Антипасха не се случувале коњски трки, ниту пак било кои други игри. Оние кои се крштевале на Велика Сабота се облекувале само во бела боја, по што од овој ден продолжувале да се облекуваат вообичаено.Во Бугарија на овој ден жените повторно бојадисуваат јајца и ги подаруваат за душите на своите покојни блиски, како веруваат дека така ќе ги заштитат од реинкарнација (повампирување)

 

 

 

23.04.2017 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега