Овој ден е посебен: Замислете желба, а ова никако не го правете

Во Светлата недела после Велигден, денешниот ден во народот се нарекува Зелен четврток.

Инаку Белата, Светла или Велигденска недела се смета за непрекинат ден на Велигден. Затоа секој ден има богослужби, исто како на Велигден.

Четврток инаку важи за баксузден, секој освен овој! Светлиот четврок е единстевн кој по традиција се смета за среќен. Се верува дека на овој ден, сите места каде што живеат нечесните сили се затворени, дека по земјата одат добрите божества, па поради тоа и на луѓето денеска добро им оди.

Овој ден треба да се започне работа, посебно онаа која вообичаено не ви поаѓа од рака. Исто така треба да се упати молба за неостварена желба и таа ќе се исполни. Во народот на овој четврток не се работи.

 

 

 

20.04.2017 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа