УХМР најави студен бран - какво ќе биде времето викендов?

Времето  утре во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со засилен северен ветер, особено повеќе ќе биде изразен вдолж Повардарието и во источните делови.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од шест до 13 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 10 степени.

За време на викендот утринската температура на повеќе места ќе биде околу или под нулата. Дневната температура од сабота ќе биде во пораст. 

 

 

 

20.04.2017 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега