СИТЕЛ: Албанските партии обединети на идните локални, македонските поделени околу националните интереси

Партиите од албанскиот блок се подготвени етнички да коалицираат за локалните избори. На телевизиска дебата  Реџаил Исмаили од ДУИ потсетува дека во декларацијата која ја потпишале јасно е утврдено дека соработката треба да продолжи и натаму.

По оваа изјава е јасно дека албанските партии се подготвени да настапат единствено исто како што застанаа зад тиранската платформа.  Според него во мешаните етнички градови мора да поддржат еден албански кандидат  за да освојат поголем број советници и да се оди на етничка победа на локалните избори. Ставот со Исмаили го дели и Беџети од ДПА.

За разлика од албанските партии кои цврсто ги бранат своите национални интереси, состојбата не е иста во македонскиот политички блок. Лидерот на СДСМ и јавно порача дека не им личи како партија  да изиграваат патриоти.

Од ВМРО ДПМНЕ денеска преку соопштение оценува дека веќе би била почната кампањата за предвремените парламентарни и локални избори доколку СДСМ не се плашела од гласот на македонските граѓани.

- Доколку СДС наместо антидржавна и антинационална политика, донесеше демократска одлука да се оди на избори, на 7-ми или на 14-ти мај ќе се знаеше волјата на народот и Македонија ќе ја отвореше вратата за излез од политичката криза,стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека наместо храбра и државничка политика, лидерот на СДСМ одбрал да молчи за сите негирања на македонскиот идентитет.

 

 

 

20.04.2017 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа