Се повеќе мажи и жени во Македонија се одлучуваат за пластична хирургија

Сакам да имам гради како Памела Андерсон. Усни како Анџелина Џоли. Да личам на Бред Пит. Со вакви желби доаѓале пациенти на клиниката за Пластична и реконструктивна хирургија. Македонците се помасовно се одлучуваат за разубавување со пластична операција. Сакаат поголеми гради,поубаво лице, полни усни, бразилски задник или манекенски нозе.

Силиконските гради во земјава повеќе не се табу. Жените се почесто се одлучуваат на зголемување на градите. Ако порано македонките одеа  во соседните земји за ваква интервенција, во последно време тоа го прават во Македонија. Но, како што велат од клиниката, понекогаш пациентките доаѓале со нереални желби околу големината.

-Волуменот, големината го одредува хирурготно секако и желбата на пациентот. Хирургот утврдува колкав е обемот на градниот кош но секако и желбата на пациентот, струкот и дали личноста е висока или ниска и дали има доволно еластична кожа за да може да стави 270,500,600 итн силикон гел, велат од Пластична и реконструктивна хирургија.

Вештачки не се разубавуваат само жените. Во последно време се почесто естетски операции прават и мажите. Од клиниката за пластична хирургија велат дека  мажите кај нив најчесто доаѓаат за корекции на носот, ушите и затегнување на брчките околу очите и устата. Но, имало и мажи кои доаѓале за да си го подмладат половиот орган.

 

 

 

 

20.04.2017 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега